Општина Виница се наоѓа во Источна Македонија. Центар на Општината е градот Виница, кој брои околу 14.000 жители. Се наоѓа на оддалеченост од 130 км од Скопје. Низ Виница минува регионалниот пат од Кочани до Берово, преку кој општината се поврзува со овие две соседни општини.



Како ден на ослободувањето од окупаторот Виница го слави 30. август. Павловден, 13. јули е ден на градот.

Во Виница во последните неколку години се работи на модернизирање и уредување на градот, така да денес може да се каже дека е едно од најубавите и најуредени гратчиња во Македонија! [повеќе]

Виница го има поштенскиот број 2310, додека повикувачки телефонски број за општината е 033.