Оригиналните ранохристијански теракотни икони од 5 и 6 век, откриени на археолошкиот локалитет Виничко Кале, ќе бидат ексклузивните експонати во поставката на Музејот во Виница, кој беше отворен на 29. Мај 2006 година во општинската зграда во градот.

Во непосредна близина на Виница се наоѓа археолошкиот локалитет Виничко Кале. Овде се пронајдени археолошки материјали од различни временски периоди. Но најпозната е колекцијата од теракотни икони. Оваа колекција содржи 49 примероци и се претпоставува дека иконите датираат од 5-6 век! [повеќе]

Во 23 витрини ќе бидат презентирани теракотните икони (околу 20 експонати и фрагменти), предмети до неолит, бронзени предмети, таканаречени „македонски бронзи“, од 5 век пред новата ера, доцнохристијански и предмети до среден век. Експонатите биле пронајдени на Виничко Кале и на други локалитети во општината Виница.

Локалитетот „Виничко Кале“ прв пат е евидентиран 1953 година, а систематските археолошки ископувања се започнати во 1985 година. Од „Виничко Кале“ потекнуваат познатите винички теракотни икони, кои датираат од периодот на V - VI век, кои во изминатите години, во разни културни презентации на Македонија се изложувани во Европа и светот.


АРХИВА
Свечено отварање на Музејот на град Виница
Свечено отворена Спортската сала во Виница
All Star Виница 2007
Младинското светско првенство во ракомет за жени