На 23. Мај 2007 година во Виница свечено е отворена спортската сала. Изградбата на спортската сала претставува еден од најголемите проекти во Виница. Салата започнала да се гради пред околу 30 години, а после подолго време поинтензивно се работело во периодот од 1999 до 2005 година, кога салата била изградена во фаза на карабина. Од 2005 до денот на отварањето објектот е доизграден и денес претставува една од најмодерните спортски сали во Источна Македонија.

Покрај самите граѓани на Општина Виница и Владата на Република Македонија во изградбата (завршувањето) на салата помогнале повеќе донатори: УСАИД, УНДП, Агенција за млади и спорт, ЈП Македонски Шуми - подружница Плачковица, Треска - Мебел Трејд, Бординг, Партнер, ЈП Солидарност, СОУ Ванчо Прке, Мак Прогрес, Хипокс, Електро Виница.

Присутните ги поздравија и на свечен начин со сечење лента спортската сала во употреба ја предадоа Марјан Костадинов - актуелен градоначалник на Општина Виница, Никола Груевски - Премиер на Република Македонија, Марија Силва Мехиас - претставник на УНДП во Македонија и Пол Волер - заменик шеф на мисијата на САД во Македонија.

Првиот спортски ревијален натпревар на новиот паркет го одиграа екипите на Филип II (јуниори) и репрезентацијата на Јуниор купот на Македонија. Најдобрите 4 екипи во категоријата јуниори во кошаркарското првенство на Македонија ги одиграа последните два полуфинални и еден финален натпревар во спортската сала во Виница. Првите спортски натпревари ги наполнија трибините.


АРХИВА
Свечено отварање на Музејот на град Виница
Свечено отворена Спортската сала во Виница
All Star Виница 2007
Младинското светско првенство во ракомет за жени