Виница ќе биде домаќин на голем спортски настан, Младинското светско првенство во ракомет за жени што ќе се одржи од 21. јули до 3. август годинава. Со своите знаења од ракометот ќе се претстават ракометарки до 20 години од Шпанија, Франција, Аргентина, Тајван и Алжир.
Со намера градот да има колку што може поубав изглед, комплетно се преуредува стариот градски плоштад и тротоарите на клучните улици, а се засилува и градското осветление. Виничани на своите млади гостинки ќе им ги покажат знаменитостите на Виница, пред се археолошкиот локалитет Виничко Кале, потоа ќе им бидат презентирани оризовите полиња и дел од стопанските капацитети.
Покрај во спортската сала во Виница, која има капацитет за 2.000 гледачи (1.250 седишта) и е градена според европски стандарди, натпревари ќе се играат и во Скопје, Гевгелија и Охрид. Финалето на јуниорското Светско првенство ќе се одржи во новата спортска сала „Борис Трајковски“ во Скопје.
Група A | Група B | Група C | Група D |
Скопје | Гевгелија | Охрид | Виница |
Романија | Данска | Јужна Кореја | Шпанија |
Словенија | Црна Гора | Хрватска | Франција |
Унгарија | Казакстан | Македонија | Аргентина |
Германија | Ангола | Бразил | Тајван |
Исланд | Јапонија | Австралија | Алжир |
АРХИВА
Свечено отварање на Музејот на град Виница
Свечено отворена Спортската сала во Виница
All Star Виница 2007
Младинското светско првенство во ракомет за жени